Вести Македонија

Незаконски исплати, недозволена прекувремена работа, акцелератор што фаќа прашина, ненаплатени долгови, кои се пред застарување – Ревизорите влегоа во битолската болница

Пациентите од Југозападниот регион лани имаа можност да искористата само 39 проценти од термините за здравствени услуги преку Мој термин  во Клиничката болница во Битола,  покажа увидот на државните ревизори во податоците на овој систем. Со тоа не се целосно достапни законски задолжителните термини за специјалистички прегледи со медицинската опрема која  е на располагање. Некои болнички оддели  креирале помалку од 50 проценти од задолжителните термини, па така гастроскопија има само 7 проценти, колоноскопија 6 проценти, на Инфективно  преку мој термин се искористени 11 проценти

„Од страна на одговорните лица на болницата како причина за настанатат состојба се наведени дефицитарниот кадар во определни организациони единици како и вршење на прегледи без закажан термин  во Мој термин, за што не се доставени дополнителни докази.“ се вели во Извештај на Државниот завод за ревизија

Ревизорите сметаат дека ваквата состојба се должи на тоа што дел од  медицинскиот кадар не ги исполнува законски предвидените 36 до 40 работни часови неделно, туку  дежурствата им се евидентираат  како дел од полното работно време,   што влијае на достапноста на здравствените услуги од Мој термин. Но, одредени  вработените  им се исплаќа  редовна плата и надоместок за дежурство.

 „Околу 36 милиони денари се исплатени по основ на дежурство, без побарана согласност од Министерството за здравство,  а за  дежурства на немедицински кадар  исплатени се  919 илјади денари, што не е во согласност со Законот за здравствена заштита. Неправилности се утврдени и при исплата на околу 7 милиони денари за прекувремена работа на 303 вработени, за што  не е известен инспектор на трудот и не се воспоставени контроли на бројот на реализирани часови.“

Во низата забелешки за работењето на оваа здравена установа, ревизорите констатирале неправилности и во тоа што Болницата воспоставила пракса ненаплатените побарувањата за  здравствени услуги,  на крајот од годината,  без предлог на пописна комисија и одлука на Управниот одбор, да ги евидентира како сомнителни,  поради што за 97 милиони денари  неосновано се намалени вкупните побарувања. Ревизијата констатирала и дека за  над 6000 приватни прегледи уплатени се  2 милиони денари помалку пари. Ревизорите бараат да се стави во функција  акцелераторот за онколошки пациенти, за кој неодамна пишуваше Телма. Овој скап апарат е набавен пред 10 години и никогаш не проработи, а пациентите од регионот  за радиотерапија одат во Скопеј. Од страна на Болницата дадено е образложение дека апаратот не се користи поради недостиг на дополнителна опрема потребна за негово функционирање како и недостиг на соодветен квалификуван кадар.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

Дејан Дејан

Блупринт: Загрозен е независноста на Академијата за судии и јавни обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе