Вести Македонија Најважни

Нестручен кадар на чело на психијатриските клиники – правник раководи со болницата во Демир Хисар, архитект во Скопје

По обајвувањето на потресното сведоштво на Салка Абдуловска чиј 17-годишен син со аутизам бил врзуван со каиши во Психијатриската болница во Демир Хисар, министерот за здравство не кажа дали ќе побара одговорност од раководството на болницата. Напротив, тој рече дека момчето било лекувано според протокол.

Инаку, директор на психијатриската болница во Демир Хисар е жена која нема никаква врска со здравството, а е магистер по правни науки, и станува збор за м-р Ивана Кочовска.

И директорот на психијатрсиката болница во Скопје исто така нема допирни точки со медицината. Вршител на должноста на оваа функција е Мухсин Арифи, дипломиран архитект и доаѓа од Алијанса за Албанците.
Но, ова го дозволува Законот за здравствена заштита кој е донесен во 2012 година и претрпел 13 измени до 2016 година. Во член 104 се вели дека за директор може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:

„да има завршено високо образование од областа на медицинските или стоматолошките науки, високо образование – дипломиран логопед, високо образование – специјалист по медицинска биохемија, високо образование од областа на економските или правните науки или јавно здравствениот менаџмент или завршени академски студии со најмалку 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
– има минимум пет години работно искуство и положен испит за директор согласно со овој закон;
– понуди најквалитетна програма за работа на јавната здравствена установа“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Дејан Дејан

Марко Рубио ќе учествува на неформална средба на НАТО во Турција посветена на Русија и Украина

Дејан Дејан

Руското Министерство за одбрана информира за одржани состаноци со претставници од околу 20 странски држави

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе