Сеад Кочан од слобода може да гледа КОД-законот за амнестија ќе го ослободи од затвор. А мрежата на фирми кои го грабале конфискуваниот имот од Трансмет, во која и тој е вклучен се протега од Македонија преку Хрватска до Виена и е во нераскинлива врска со семејството Јахоски сопственици на Пуцко Петрол, но и со семејството на Али Ахмети.
Антикорупционерите се радуваат дека тргна нивната иницијатива за одговорност за мега-неуспехот на конфискацијата на Трансмет, но обвинителството ги обвинува дека им ги одложиле резултатите од истрагата. Но која е врската со човекот фантом , Ерџан Слуковски кој наводно не го познава ниту лидерот на ДУИ Али Ахмети ниту пратеникот Јахоски а и двајцата имаат директни или индиректни бизнис релации со човекот познат како мнозински сопственик на РКМ на Капушевски? Гледајте КОД
8-те емисии КОД, емитувани минатата година, со истражувачки стории за конфискацијата на Трансмет, успешна во судската пресуда, неуспешна во реланоста, беа избрани и наградени од жирито за најдобри новинарски истражувања на конкурсот на Европската Унија. Истражувањата за конфискацијата во предметот Труст ја добија третата награда, а во сивата македонска правна реалност, таа конфискација се уште се прпелка по судниците. По првата емисија на КОД, Антикорупциската комисија отвори предмет кој кулминираше, во јули оваа година кога беа соопштени фрапантни податоци.
Имало шема на фирми кои според ДКСК учествувале во разграбувањето на имотот кој е конфискуван за државата, но, бил употребуван и преземен од поединци и фирми, со блиски политички конекции, но и со блиски семејни врски со Сеад Кочан. Антикорупциска соопшти дека од конфискацијата на Трансмет требало да се заработат над 14 милиони евра, но државата успеала да инкасира помалку од 2 милиони евра.
Обвинителството уште во јули реагираше и тврдеше дека имаат истрага која е пред крај. Предметот на Антикорупциска го оценија како непотполн, веќе познат со веќе најдени докази и дека со својата иницијатива, ДКСК само им попречило и ја успориле јавнообвинителската одлука. Слични обвинувања повторно стигнаа како одговор од Обвинителството на прашања кои ги упати КОД до нив.
Многу фирми и бизниси се испреплетени. КОД уште пред два месеци ја откри врската помеѓу сопственикот на РКМ Капушевски, Ерџан Сулкоски од Кичево и зетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Куштрим Смајлај. Таа мрежа на фирмите поврзани со Ахмети покажа дека првиот човек на ДУИ градел империја –фирми на синот, ќерката, зетот , внуците кои се занимаваат од градежништво до енергетика.
Но, кога го прашаа Ахмети дали го познава партнерот на неговиот зет тој негираше, а Сулкоски излегол од содружништвото со зетот на Ахмети во август по објавувањето на емисијата КОД во јуни каде ги докажавме бизнис релациите на Куштрим Смајлај и Ерџан Сулковски.
Тој е и мнозински сопственик на РКМ, фирма која вртоглаво заработи милиони продавајќи и мазут на државата . Не го познавам тврди и Исмаил Јахоски пратеник на ДУИ основач на Пуцко Петрол каде сега газда е син му. Но, КОД дојде до вистината.
Емисијата е емитувана на 01.10.2023.