Вести Македонија

Разговорите за претседателски кандидат во СДСМ не се почнати

Наближувањето на изборната 2024-та ги мобилизира партиите.  СДСМ е во процес на обединување на членството со вклучување на старите кадри.

Министерот Оливер Спасовски тврди дека во партијата не се почнати разговорите за идниот претседателски кандидат.

Не може да стане збор за некаков конфликт за прашањето за претседателските избори бидејќи не е отворено тоа прашање и за него се уште не се разговара во партијата. Кога ќе дојде време, ќе  разговараме и низ дијалог ќе се утврди што е најдобро. За нас е важно европскиот фронт, таа опција што нуди извесност на државата и на граѓаните – да ја добие довербата од граѓаните, изјави Спасовски.

Но, последните активности на Спасовски и неговото издвоено мислење околу Законот за амнестија, за некои негови колеги во Владата е показател на претседателски амбиции. Министерот за правда Кренар Лога, кој во моментот е во Соединетите Американски Држави, оттаму порача:

Посакувам претстојната политичка кампања за претседателските избори да биде во најконструктивен можен дух, со постигнати резултати и отчетност од сите нас.

Пред неколку дена, СДСМ пласираше фотографии од состанок на стратешкиот тим. Вниманието повеќе го привлече сликата од текстот. Во тимот партиципираат премиерот, неговиот кабинет, двајцата секретари, министерот за внатрешни, советот за креирање политики, но и поранешниот лидер Зоран Заев. Мотото на средбата е: обединување.

Во истиот дух, се очекува формирање и на други партиски тимови со поранешни и актуелни функционери. По Игор Ивановски, во нив треба да се придружат Радмила Шеќеринска, Андреј Петров и други. Од сите се очекува заедничка работа во подготовката за парламентарните избори, чиј редовен термин е наредното лето.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе