Вести Македонија

Новата академска година започнува со стари проблеми

На првиот ден од новата академска година, министрите и претседателот на владата се растрчаа по високообразовните установи, за да им порачаат на бруцошите да се посветат темелно на образовниот процес, за да ги постигнат зацртаните цели . А, академска година започнува без суштински реформи кои веќе 3 децении му се потребни на најстариот универзитет во земјава-УКИМ.

За промени во високото образование нема енергија , капацитет, критична маса кај надлежните, а и државата вложува недоволно средства, вели поранешниот универзитетски професор, Илија Ацески.

Нема истражувања, нема асистенти. Ако нема асистенти, вие на некои студиски групи дури немате ни подмладок. Луѓето се пензионираат. И она што се предмети и содржини остануваат да лебдат во воздух. На УКИМ не се следи би рекол она што е сега важно за еден универзитет. Не се следат промените на глобално ниво. Се учи надвор од она што го претпоставува заедницата, општеството.2/3 и повеќе од оние што дипломирале , не се ангажираат за тоа што се образувале, вели Илија Ацески, универзитетски професор во пензија.

Но, премиерот, кој денеска присуствување на првиот академски час на бруцошите на Медицинскиот факултет, кажа дека треба време за започнатите реформи во образованието.

Резултатите во вакви процеси доаѓаат на среден рок. Затоа , секоја квалитетна реформа бара време. Бара човечки и бара финансиски ресурси, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

Закон за високо образование што ќе се надградува, нови и повисоки стипендии, околу 50 евра месечно за студентски оброк за секој студент и реконструкција на 9 државни студентски домови во Македонија со 25 милиони евра. Ова се постигнувањата и заложбите на владата за унапредување на образовниот процес и студентскиот стандард во следниот периодот, кажа Ковачевски.

Но, за да се поправи сликата на Шангајската листа, каде веќе трета година нема ни еден македонски универзитет до 1000 место, универзитетскиот професор Ацески смета дека треба да се обезбедат пари за повисоки плати на професорите, за проекти и да се формира тело кое ќе ги оценува дипломираните студенти, со цел нивна и проверка на квалитетот на факултетите и институтите од каде произлегуваат.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе