Вести Македонија

Нов протест пред Владата за случајот онкологија

Уште еден понеделник група граѓани пред Владата побараа одговорност за згаснатите животи и детали од истрагата за случајот со Клиниката на онкологија и тврдењата дека терапија за болни од канцер се препродавала на црно. Велат дека не веруваат во правосудниот систем и институциите. Бараат истрага за евентуална вмешаност на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот директор на клиниката  Нино Васев,  проширување на истрагата за работата на детска онкологија и целосна ревизија на Онкологија. Гневни и револтирани очекуваат дека ќе ја добијат правдата.

-Крајно неинтелигентно е во време кога е загрозена планетата Земја некои луѓе да градат извитоперен систем на вредности, алчност, моќ и финансиски комфор на сметка на туѓ живот. За што ќе ви служи тој комфор, изјави Даријан Петров.

Додека се уште се истражува што точно досега се случувало на Клиниката за онкологија и сега онколошките пациенти мака мачат со биолошката терапија. Се жалат дека нема терапија. Министерот за здравство Меџити признава дека има недостиг, но вели дека тоа е само за новодијагностицирани пациенти.

-Има дефицит на терапија. Се случува во некои одредени времиња да има дефицит на терапија, на таква биолошка скапа терапија, но да објасниме за јавноста и пациентите тоа е така бидејќи тој број на дијагностицирани со такви тешки дијагнози-карциноми од ден на ден расте и кога се прават такви набавки на лекови на биолошка терапија со условен буџет некогаш не можат да се предвидат и затоа се случува неколку дена да има недостиг на биолошка терапија, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.

Собранието минатата недела го утврди составот на анкетната комисија која ќе треба да  истражи дали има политичка одговорност за случајот на Онкологија. Од обвинителството се уште собираат докази.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе