Министерството за здравство во најкус можен рок ќе формира стручна комисија која ќе оди на терен и ќе го испитува лекувањето на 24 годишното момче од битолското село Цапари, кое почина во битолската болница. Министерот Меџити денес рече дека комисијата стручно ќе го истражи случајот и ќе треба да утврди дали имало и какви биле недостатоците во третманот на пациентот.
Ваквата одлука следи по вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој смета дека е потребно формирање на Комисија за стручен надзор која ќе го опфати пружањето на здравствена заштита и лекување на пациентот С.Т од периодот кога е поставена дијагноза за постоење страно тело, негово отстранување со хируршка интервенција, посетата на пациентот на одделението за инфективни болести, па се до болничкиот третман до кој дошло заради наглото влошување на здравствената состојба која довела до смртен исход.
Директорката Ивановска со став да се почека што ќе покаже вонредниот инспекциски надзор во интерес на вистината, за да не се шпекулира.
Не, не е завршен вонредниот инспекциски надзор, денес има уште еден инспекциски надзор така што ништо не можам да кажам додека тоа не помине. Обдукцијата како што кажав е завршена. Судскиот медицинар тоа ќе го достави на писмено до обвинителство. Еднаш дадовме информација и тоа е тоа и не отстапувам од тоа, вели директорката иваноска.
Според директорката на ДСЗИ Младеновска не станува збор за нов инспекциски надзор, туку продолжение на надзорот од петокот.
Вонреден инспекциски надзор беше побаран и за други два смртни случаи во болницата годинава, и тоа за петгодишната Јана Христовска која во март почина по примена инфузија на Одделението за педијатрија, како и за новороденчето на 24-годишна родилка кое умре во април.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат и обдукацијата не пронајдоа лекарска грешка во лекувањето на Јана. За смртта на новороднечето, ДЗСИ најде пропусти во работењето и поведе прекршочна постапка во однос на правното лице и на одговорното лице, се останато превзема Јавното обвинителство.
Нина Стефанова