Вести Македонија

Кејот на „Пена“ полн со смет – општината не може да стаса да го дочисти

Едно од ретките места каде тетовци можат да одморат и да се рекреираат – шеталиштето како дел од кејот на реката Пена, целосно е запуштено. Посетителите се жалат дека расфрланиот отпад многу ретко се чисти, а делови се обраснати со висока трева. Иако имало обид да се исчисти, сепак насобраното се уште седи на исто место.

„Ова беше пред една недела, пак еве си седи истото како што го гледате. Значи нема нешто изменето, да дојдат да го подигнат, да се фрли, за да дојдат луѓе да си седат.

 

„Ни нишалка се знае, се е искршено, се е забаталено. Што е тоа? Сега е направено да се радуваме што се вика дете да има каде да го изнесеш и да седнеш како пензионер да одмориш, ама каде во ѓубрињава ќе седнеш, ни искосено ни исчистено“.

 

„Ова треба се да се исчисти за да не падне ѕидот. Зашто карпа, а дрвото како расте ќе ја пукне“.

Чистотата и во речното корито на Пена не е на завидно ниво. На места во неа има разновиден смет.  Од Општина Тетово велат дека се придржуваат до годишните планови за чистење на реките и ги потсетуваат граѓаните дека фрлањето отпад е забрането и казниво со закон.

„Пред неколку дена беше исчитено речното корито на реката во селото Порој. Согласно планот ќе се продолжи со чистење и на останатите речни корита. Воедно апелираме до граѓаните да не фрлаат отпадоци, ги потсетуваме дека истото е забрането со закон и можат да се соочат со казни“.

Проблемот со отпадот во реките се акуелизира претежно само кога има обилни врнежи од дожд кои предизвикуваат поплави, а со тоа на површина излегува и целото ѓубре кое граѓаните го фрлиле во реките.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе