Вести Македонија Најважни

Се чекаат резултатите од вонредната инспекција во битолската болница

Во тек е вонредниот инспекциски надзор за утврдување на фактичката состојба во медицинската документација, за начинот на кој бил третирано 24 годишното момче од битолското село Цапари, кое почина во битолската болница. Наодот по завршената обдукција покажал дека смртта кај момчето настапила заради тешка инфекција која пак предизвикала пукање на тромбовите и внатрешно крварење на органите.

Во однос на случајот во битолската болница по налог на Министерството за здравство во моментов се врши вонреден инспекциски надзор и за фактичката состојба која ќе биде констатирана ќе биде известено Министерството за здравство, изјави директорката на дсзи рената младеновска.

24 годишното момче последните три дена пред да се јави во болницата земал таблети амоксиклав, кои ги препишал матичен лекар, а во вторникот, на 26 септември било лекарски третирано и му била дадена терапија, по што било пуштено дома, но ноќта меѓу вторникот и средата момчето повторно добило висока температура, по што дошло до влошување на состојбата. Бил примен со многу висока температура и веднаш бил згрижен на одделот за Интензивна нега, но иако лекарите конзилијарно го третирале, по речиси десет часа од хоспитализацијата починал.

Со свој став за причините за смртта на 24 годишното момче во битолската болница и професор Беќаровски кој смета дека треба максимална транспарентност и искреност во информирањето, за да се врати комплетно изгубената доверба во битолската болница и целото здравство.

 Според изнесените оскудни податоци за клиничката слика, лабораториските, компјутерските испитувања и првичниот обдукциски наод, смртта на 24 годишното момче во Битола, мене лично ми личи на АКУТЕН ФУЛМИНАНТЕН ОБЛИК НА #ЛЕУКЕМИЈА. Во тој случај навистина нема лекарска грешка. Секоја друга етиологија, заслужува дискусија и опсервација, напиша д-р беќаровски.

Вонреден инспекциски надзор беше побаран и за други два смртни случаи во болницата годинава, и тоа за петгодишната Јана Христовска која во март почина по примена инфузија на Одделението за педијатрија, како и за новороденчето на 24-годишна родилка кое умре во април.  Државниот санитарен и здравствен инспекторат и обдукацијата не пронајдоа лекарска грешка во лекувањето на Јана. За смртта на новороднечето, ДЗСИ најде пропусти во работењето.

И во однос на двата случаи се извршија вонредни инспекциски надзори, што се однесува до родилката чие новороденче почина согласно Законот за евиденција од областа здравство ДСЗИ поведе прекршочна постапка во однос на правното лице и на одговорното лице, а за се останато превзема Јавното обвинителство, изјави младеновска.

Во меѓувреме  Јавното обвинителство Битола го очекува наодот од нареденото вештачење за утврдување на причинско-последична поврзаност меѓу смртта на новороденчето и извршената медицинска интервенција.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота

Дејан Дејан

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе