Државниот инспекторат за животна средина извршил вонреден инспекциски надзор во фирмата Еуропрогрес, с.Долно Коњаре, Општина Петровец.
Изречени се следните мерки:
Се задолжува да ги спроведе целосно мерките од одобрениот Елаборат за оцена на влијанието врз животната средина од експлоатација на песок и чакал од Поле-А во концесиското поле с.Долно Коњаре, Општина Петровец, Глава 5.Параметри за експлоатација и рекултивација, 5.1 Технолошки процес на експлоатација и да се придржува целосно по одобрениот Елаборат. За спроведените мерки писмено да се извести надлежниот инспектор за животна средина.
Се забранува работата на горенаведениот правен субјект во концесиското поле Б, односно се забранува да врши експлоатација на песок и чакал се до целосно спроведување на мерките од точка 1 од решението.
Доколку Државниот инспектор за животна средина, утврди дека не се постапува согласно Решението, ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка до надлежен орган.
Правниот субјект и одговорното лице во правното лице веднаш по извршениот вонреден инспекциски надзор од 11.09 започнаа со постапување по одредбите од Елаборат за животна средина и укажувањата од ДИЖС.
ДИЖС ќе врши периодични визуелни контроли за утврдување на реализација на задолжението согласно рокот од решението.