Вести Македонија

Каде се резултатите од магнет?! – пациентка чека месец и половина, од Радиологија тврдат дека се прикачени на МојТермин

Експресно реагираа од Радиологија откако пациентка се реши преку медиумите да алармира за пасивноста на здравствениот систем. Резултатите се готови, тврдат од институтот. Матичниот лекар вели – ги нема во системот.

Ова следува откако Телма вчера објави за голготата на жена онколошки пациент, која месец и половина чека резултати од снимање на магнет. Таа еднаш веќе ја добила борбата со канцерот, примала хемотерапија, па болеста се вратила. Повторно примала хемотерапија.

Резултатите од скенирањето сега се клучни за одредување на понатамошниот тек на лекувањето.

„Резултатот за посочената пациентка е веќе изготвен и е прикачен во МојТермин. Достапен е за матичниот лекар. Клиниката во рамки на постојните ресурси го дава максимумот за соодветно да се одговори на потребите на пациентите. Се преземаат мерки од Управата, за забрзување на процесите во овој сегмент“ велат од Институтот за радиологија.

Наспроти тврдењата од менаџментот на Радиологија, пациентката вели дека не ги добила резултатите. Тоа ѝ го кажал матичниот доктор.

Претходно, таа изјави дека неколкупати била враќана кога отишла во институтот да ги побара резултатите.

„Имам отидено двапати, трипати. Уште викаат дека не се прочитани. Дури слушнавме дека нема ниту кој да ги прочита. Не знам, така слушнав“ вели пациентката.

Ова е дел од изјавата која ја објави Телма од страна на пациентката којашто не сакаше да си го открие идентитетот. Но, на овие нејзини дилеми – нема одговори од страна на надлежните.

Во Министерството прашавме, но не добивме детали – зошто немало кој да ги прочита резултатите, зошто резултатите се чекаат и по месец и половина и уште колку пациенти се со ваква слична судбина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе