Вести Македонија

Австрија со нон-пејпер за интеграција на Западен Балкан во ЕУ

Австрија бара конкретни чекори од Европската унија за постепена интеграција на Западниот Балкан. Австрискиот министер за надворешни работи, Александер Шаленбер, заедно со својата колешка за европски прашања, Кароли Едштатлер, испратиле нон-пејпер до Високиот претставник за надворшена политика и безбедност, Жозеп Борел и до еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, но и до земјите-членки, во кое навеле дека процесот на проширување, кој е во стагнацијата, мора да биде забрзан, со барање Унијата да изготви јасна агенда за побрза интеграција до 2024, врз основа на фер и ригорозни услови и принципот на поединечни заслуги.

„Иако ја препознаваме важноста да се разговара за реформите во Унијата и за иднината на ЕУ, сметаме дека тоа не треба да се користи како изговор за одложување на процесот на проширување на нашите партнери од Западен Балкан, со кои преговараме со години и децении“, стои во нон-пејперот од двајцата австриски министри.

Шаленберг и Едштатлер во документот, како што пренесуваат неколку регионали медиуми, навеле дека финансиската помош за регионот треба да биде поефективна, преку подобрен систем на стимулации, моделиран според планот за реконструкција и отпорност. Двајцата австриски министри од Унијата побарале и земјите од Западниот Балкан редовно да бидат канети на состаноците на Советот на ЕУ, потсетувајќи дека Украина е постојано канета да учествува на советот на министри за надворешни работи.

Австрија во нон-пејперот дала предлог неформалните сесии на Советот да се држат во регионот и се залагаат за зголемена постепена интеграција, на пример преку понатамошно олеснување на трговијата преку царинска соработка, учество во Единствената евро зона на плаќања или Европската мрежа за поголема едукација.

Шаленберг притоа подвлекол дека проширувањето е најсилниот геостратешки инструмент на ЕУ.

„Да го искористиме тоа. Не смееме да направиме грешка со заборавање на Југоисточна Европа бидејќи оправдано сме фокусирани на Исток“, истакнал Шаленберг.

Австрискиот нон-пејпер ги разработува предлозите кои Австрија ги даде за проширувањето лани во мај.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе