Тешка инфекција која траела цела недела предизвикала десеминирана интраваскуларна коагулација, кај 24-годишното момче од битолксото село Цапари, кое вчера починало во битолската болница.
24 годишното момче последните три дена пред да се јави во болницата земал таблети амоксиклав, кои биле препишани од матичен лекар, а во вторникот, на 26 септември било лекарски третирано и му била дадена терапија, по што било пуштено дома, но ноќта меѓу вторникот и средата момчето повторно добило висока температура, по што дошло до влошување на состојбата. Во таква ситуација тој се вратил во болница, бил примен со многу висока температура и веднаш бил згрижен на одделот за Интензивна нега, но иако лекарите конзилијарно го третирале, од час во час состојбата се влошувала, па, по речиси десет часа од хоспитализацијата починал.
-
На одделот за Интензивна нега, се направени наредните дијагностицирања, односно компјутер на глава, бидејќи детето се пожали на заматен вид, компјутер на абдомен, компјутер на плуќа, повикани се конзилијарни мислења од сите лекари, односно од инфектолог, повторно е повикан на Интензивна, повикан е невролог, офтамолог, орл лекар, интернист двапати и уште еднаш е направено контролно ехо на стомак, меѓутоа лабораториските наоди беа постојано земани и тие беа во влошување, односно беа пореметени факторите на коагулација, имаше пореметување и ниски тромбоцити, кои рапидно опаѓаа, 70, 50, на крај да заврши со 13 тромбоцити, вели за телма елизабета ивановска, директор на битолска болница
Од Битолската клиничка болница потврдуваат дека обдукцијата завршила, ден по смртта, и дека наодот покажал дека смртта кај момчето настапила заради тешка инфекција која пак предизвикала пукање на тромбовите и внатрешно крварење на органите.
По смртта на 24 годишникот, министерот за здравство, Фатмир Меџити, иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во установата.
- По утврдување на фактичката состојба и изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана.
Вонреден инспекциски надзор беше побаран и за други два смртни случаи во болницата годинава, и тоа за петгодишната Јана Христовска која во март почина по примена инфузија на Одделението за педијатрија, како и за новороденчето од 24-годишна родилка кое умре во април април. И ДЗСИ и обдукацијата не пронајдоа лекарска грешка во лекувањето на Јана. За смртта на новороднечето, ДЗСИ најде пропусти во работењето и најави дека ќе бидат поднесени прекршочни, односно парични казни за еден од тројцата гинеколози поврзани со случајот, болницата и тогашниот директор.
Алиса Шутиноска