Вести Македонија

Каде може да го дочекате влезот во ЕУ и учебници за 3-то и 6-то одделение?

Може да одморите и на едно од трите столчиња да почекате она што три децении не се исполнува. На листата за чекање се автопатот Кичево-Охрид, борба против корупцијата, влезот во ЕУ, подобро здравство, повисоки плати, ефикасно судство, новиот клинички центар па дури и рамни шахти на улиците и учебниците за 3-то и 6-то одделение. „Чекалната„ каде може да се изначекате е во центарот на Скопје на Булеварот Партизански одреди пред Буњаковец.

Станува збор за креативно-активистичка акција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за современи уметности од Скопје во чест на македонските граѓани кои 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро.

„Идејата на оваа акција е да оддадеме почит на просечниот македонски граѓанин – чекач кој веќе 30 години непрекинато чека. Чекаме за подобар стандард, за влез во ЕУ, за битка со корупцијата,  за подобро здравство, чекаме-власта и партиите да работат во служба на граѓаните и што уште не. Година по година чекаме да се остварат неостварените ветувања. Всушност се нешто чекаме и станавме професионални чекачи. Токму затоа и ја изградивме оваа чекална каде секој може да си почека за она што најмногу му треба и она што му е најважно“, велат од Центарот за современи уметности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе