Вести Свет

Борел разговарал со Курти и Вучиќ

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел денеска телефонски разговараше во косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Високиот претставник Борел изрази сочувство до семејството, колегите и најблиските на полицаецот кој го загуби животот за време на службената должност, а на повредените полицајци им посака брзо закрепнување, соопшти канцеларијата на Борел.

Високиот претставник на ЕУ најостро ја осуди „денешната агресија“ и го повтори својот повик до напаѓачите веднаш да се предадат и да ги ослободат верниците во манастирот Бањска, за тие безбедно да заминат. Тој повика на враќање на смиреноста и стабилноста.

ЕУЛЕКС ја следи ситуацијата на терен и е подготвен да ги поддржи косовските институции во одржувањето на стабилноста и безбедноста на сите нејзини заедници, во согласност со неговиот мандат и во тесна координација со КФОР на НАТО, се вели во соопштението.

Специјалниот претставник на ЕУ за Косово на терен е во близок контакт со властите, се додава во документот.

Други детали не се соопштуваат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Државниот завод за ревизија утврди слабости во финансиското работење на Општина Центар

Дејан Дејан

(ФОТО)Пораки од „Кој е следен?“ – Наведнатата глава не ни помага – сабјата упорно нè сече

Дејан Дејан

Израел го прифати предлогот на Трамп за примирје со Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе