Одлуката на државниот врв за протерување на тројцата руски дипломати беше неминовна, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Гласот на америка на македонски јазик. Пендаровски вели дека државата немала друг избор.
Сите надлежни служби, и таа за надворешно разузнавање, и таа за внатрешно, имаат заеднички извештај во однос на активностите на тие тројца дипломати, и одлуката на државниот врв беше неминовна, нема тука избор, нема опција. Премногу е јасно дека тие не се бавеле со дипломатски активности онака како предвидуваат виенските конвенции, рече Пендаровски.
Тој додаде дека во изминатите две години, без последните тројца, Македонија протера 18 руски дипломати кои, како што рече, практично имаа статус на дипломати, а се занимаваа со шпионажа.
Во сите случаи, во секој поединечен случај од тие 18 и плус овие три, македонските служби, со помош на партнерските служби од НАТО алијансата, докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор на статусот кој им е даден кога доаѓаат во Македонија, значи тие не беа дипломати и затоа беа протерани, рече пендаровски.
Додава дека е логично руската страна да возврати со реципрочни мерки. На 12 ти септември, Македонија протера тројца руски дипломати кои беа прогласени како непожелни во државата.