Вести Македонија

Еден од обвинетите за сексуална злоупотреба на малолетничка ја призна вината – доби 2 години затвор

27-годишниот велешанец кој е еден од 14 обвинети за сексуална злоупотреба на малолетно девојче ја признал вината. Основниот кривичен суд Скопје му изрече затворска казна од две години. До правосилност на пресудата ќе биде во домашен притвор, соопштија од Основен кривичен суд Скопје, за СДК.мк.

Судењето на останатите 13 лица започна на 19 септември. Тројца се обвинети за „Трговија со дете“, дел се товарат за кривично дело „Полов напад“ или „Силување“ а еден за „Производство и дистрибуција на детска порнографија“. Сите се на возраст од 20 до 30 години.

Групата била откриена откако на тетовец, во случај со дистрибуција на дрога, му бил одземен телефонот како доказно средство. Меѓу материјалите во него, била пронајдена и снимка од детето од Велес.

„Првообвинетиот С. Д., дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето-жртва им овозможил на останатите обвинети и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со петнаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првообвинетиот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед. На овој начин, првообвинетиот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво консумирале наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал кога ги притворија тогаш осомничените лица.

Членовите на семејствата на обвинетите велат дека нивните деца се жртви на завера и уцена од одредени кругови.

Продолжението на расправите од судскиот процес е затворено за јавноста, по барање на Обвинителството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе