Вести Македонија

(видео)100 години македонска авијација- „Илинденка“ е повторно во Скопје

Првата македонска високо-способна возухопловна едрилица од стандардна класа „Илинденка“, произведена од „20 Мај“ од Скопје се врати во земјава и ќе биде изложена за време на аеромитингот по повод 100 години македонска авијација во сабота на спортскиот аеродром Стенковец кај Скопје.

Проектант и конструктор на едрилицата бил инженерот Мирослав Илиќ, а таа за прв пат е приозведена и тестирана во 1955 година. „Илинденка“ е изработена по принципот на дрвена конструкција со платнена обвивка и метални носечки и управувачки елементи.

Сега, „Илинденка“ е повторно во Скопје и подготвена да ги воодушеви љубителите на летањето во земјава на аеромитингот во сабота. Едрилицата станала светски позната по своето учество на Светското едриличарско првенство во Полска во 1958 година, како дел од репрезентацијата на Југославија, а во 1969 година летана од Павле Карушарев, член на аероклубот од Скопје, поставила македонски рекорд во траење од 9 часа и 8 минути.

На аеромитингот ќе биде изложен и единствениот Македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот, наречен „Илинденка“, светиот грал на Македонското воздухопловство, кој во соработка со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија успеавме привремено да ја донесеме за да може да ја претставиме на посетителите и целата јавност.

Влезот на аеромитингот е слободен за секој љубител на летањето. Препорачливо е посетителите да се подготват како за пикник. Пожелно е да носат барем подлога за седење, а слободно може да се понесат камперски столчиња, и слични помагала. Јадење и пиење посетителите може да се понесат, а ние организиравме штандови за кетеринг и на самиот аеродром.

Обезбеден е бесплатен превоз за граѓаните за големиот аеромитинг кој ќе се одржи во сабота, 16 септември на спортскиот аеродром Стенковец, кај Скопје, во рамки на одбележувањето на јубилејот – 100 години Македонска авијација.

За сите посетители обезбедивме и бесплатни автобуски линии кои тргнуваат во сабота, од 08.30 часот, од пет локации во Скопје:

  1. Автокоманда (кај ЈСП),
  2. Транспортен центар,
  3. Ѓорче Петров (кај пазарот на вториот кружен тек),
  4. Бутел (кај Еделпром) и
  5. Спортската сала Борис Трајковски.

Автобусите ќе возат во двата правци. Од 08.30 до 14.00 часот кон аеродромот Стенковец, а од 14.30 до 19.00 часот кон петте локации во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Дејан Дејан

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе