Македонија

Ниту еден врховен судија не сака во судски совет. Скопска апелација одново со старите пропусти

Концесионерот Ерумакс и добивал и губел на суд против државата, а судиите во управниот и вишиот управен суд се чисти во работењето покажала ревизијата во предметите на Еурмакс пред судовите  од судскиот совет. Откако управниот суд  ги врати осумтемината судии, судски совет одново ги пензионира со иста одлука според законот за ЗРО. Во Скопска апелација се провлекуваат истите пропусти како доцнење во одлучувањето, констатирала редовната проверка на судскиот совет. Седницата на Сдуски совет ја следеше ПАвле Беловски.

 

По 5 години судска постапка државата му ја одзеде концесијата на Еуромакс за копање на злато и Бакар во Иловица, Струмичко, за потоа да ја спои со друга концесија. Жителите на Иловица во страв од рудник, државата по спојувањето на концесиите ќе го бара нивното мислење на референдум ПРОТИВ или ЗА рудник во околијата.  По неколку судски процеси пред управниот суд, концесионерот Еуромакс ресурсес ДОЕЛ, Скопје добивал и губел, но судиите кои одлучувале не биле под влијание се наведува во извештајот на судски совет по извршенета проверка на работата на судот

Но, затоа скопска апелација одново затрупана со нерешени предмети и веќе познатите проблеми на бавно одлучување и уште побавно објавување на пресудите. Ова се констатациите на комисијата која ја чешлала работата на Апелација во месец Април.

Судски совет ќе продолжи и утре со седницата, но одново без еден член од редовите на врховниот суд. По изборот и повлекувањето на Наќе Георгиев на повторениот оглас во август ниту еден судија не се кандидарал  за член на судски совет, што пак се толкува како нивен револт. На денешната седница, судски совет одлучи одново да ги пензионира осуммината судии кои ја исполнуваат старосната граница за пензија, но урпавниот суд им ја прифати жалбата и наведува дека имаат уште една година право на продолжување на судскиот мандат. Дел од судиите најавија реакција и барање за остварување на нивнотото зкаонски загарантирано право.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азир Алиу и официјално ја наследува министерската фотелја на својот доскорешен партиски лидер Таравари

Дејан Дејан

Над 94 милиони евра стекнати спротивно на законот- МВР ја објави кривичната пријава за групата на Крмзов

Дејан Дејан

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе