Вести Македонија

Демантираат согласност за преселба и бараат Комисија за условите во новите простории – нов судир на ставови меѓу министерката за култура и вработените во тетовската градска библиотека

Откако добија одлука за дислокација во рок од 15 дена, вработените во Градската библиотека во Тетово остануваат на ставот дека просториите каде што треба да се преселат имаат полоши услови од сегашните. По вчерашната изјава на министерката за култура, тие демантираат дека се согласиле на преселбата. Бараат да се формира комисија и да се направи увид.

„Нека формираат Комисија, заедно со нас, што работиме во библиотека, да ги видиме реалните простории, реалната ситуација и да се договориме што понатаму“, изјави Махи Муртезани, вработен во НУ Библиотека „Кочо Рацин“ Тетово.

Понудениот простор се всушност четири училници во истиот објект на Центарот за култура кои досега ги користеле студенти. Дел од нив со пониска висина, а нема ниту санитарен чвор.

„Таму има 148 метри квадратни, како што пишува на хартија, но 13 квадрати се скали. Тие не можеме ни да ги користиме. Плус има мала една просторија, таа не може да се користи воопшто. Плус во две простории, затоа што се поделени така, висината на таваните е многу ниска, нема циркулација на воздух“, додава Муртезани. 

Тетовската библиотека има богат фонд на книги, кои според вработените, нема да го собере во новите простории.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе