Вести Македонија

Од денес терапија за пет хронични болести кај матичен наместо кај специјалист

Терапија и услуги кај матичен, наместо кај специјалист. Системот профункционира, а од денес кај матичните лекари се издаваат рецептите за лекови за притисок, шеќер, тироида, астма и белодробни болести.

Зголемувањето на ингеренциите на матичните лекари не е и товар плус за нив, уверен е министерот Меџити и вели – со ова се олеснува метежот на клиниките.

„Од утрово системот функционира во најдобар ред за петте дијагнози. Функционира во најдобар ред за петте дијагнози, кои доктор Злате Мехемдовиќ ги претстави во понеделникот. Тоа се дијабетес, хипертензија, астма, ХОББ, хипотироидизам. Со ова ќе се растовари непотребната гужва на Клиничкиот центар“ изјави Фатмир Меџити, министер за здравство.

Опозицијата критикува дека има нејаснотии околу оваа реформа во здравството, а дел од матичните лекари веќе ја поздравуваат истата.

Апсурд е стари лица да се приморани да одат кај специјалист по терапија, вели д-р Марта Тунџева. Матичните лекари ги водат и тие знаат најдобро за нивните пациенти.

„Никој не сака да оди напразно, па да чека термин. Особено старите лица коишто се ранлива категорија. Ние сме тука за нив, ние ги чуваме нив. Ние сме тие коишто треба да ги водиме и ние сме тие коишто правиме проценка дали се контролирани. Имаме точен критериум кога да ги упатуваме, според Протоколот“ вели д-р Марта Тунџева, матичен лекар.

Листата на лекови ќе се прошири, вели Мехмедовиќ кој  екоординатор на реформите во примарната здравствена заштита. Има повеќе причини за истото.

„Споменавте дали ќе се прошири листата на лекови. Да, истата ќе се прошири меѓутоа согласно онаа програма којашто ја имаме зацртано во реформите. Пред сѐ да обезбедиме квалитет преку веќе искреирани протоколи коишто ќе гарантираат точно кога и како може да се препишуваат одредени лекови. Тоа е за заштита на пациентите, но и за правна заштита на лекарите“ смета д-р Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите во примарната здравствена заштита.

Здравствените власти најавуваат дека во следниот месец, матичните лекари ќе почнат да издаваат упати и за дополнителни лабораториски анализи. Не како досега, пациентите да одат на специјалист за истото.

Протоколите за лекување, кои треба да ги следат матичните лекари, веќе се објавени во „Службен весник“.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Херцог: Американскиот напад врз иранската нуклеарна програма е храбра и историска одлука

Дејан Дејан

МААЕ ќе одржи итен состанок по американското бомбардирање на иранските нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Експертите очекуваат нов раст на цената на нафтата по ексалацијата на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе