Вести Временска прогноза

Насекаде жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура – Временска прогноза за 21.8.2023

Новата работна недела носи стабилно и многу топло време, со дневна температура на повеќе места над 35°C. Ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 14 до 23°C, а максимумот од 30 до 39°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

12 Берово, 13 Лазарополе, 14 Маврови Анови, 15 Битола, Попова Шапка, 16 Крива Паланка, 17 Охрид, Претор, 18 Скопје-Петровец, Тетово, Крушево, Прилеп, Струмица, 19 Дебар, Штип, Демир Капија, 20 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Кавадарци, Гевгелија, 21 Виница, Велес.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе