Отворена е пандорината кутија, признавањето на Косово на Македонија и на Црна Гора ќе им се удри од глава. Вака српскиот министер за одбрана ја коментира посетата на Курти и веењето на знамето на Голема Албанија. Во интервју на ТВ Пинк, изјави дека Албанците, на кои во Македонија им е дадена 50 процентна власт и се` им се дозволува, иако се 27 проценти, работат на таа идеја која е нивни сон, само е прашање, кој е поголем калиф меѓу нив, кој повеќе себе си се гледа како лидер, обединител и ќе се избори за тоа. Курти, пак, вели, живее за таа идеја.
Вучевиќ вели и дека не држи тезата дека ако државите се во НАТО, ништо од ова нема да се случи. А токму беше одговорот на премиерот Ковачевски, на прашањето за веењето на контроверзното знаме на собирот во Тетово.
И поранешниот претседателски кандидат и бизнисмен, Имер Селмани е со слична теза. Во интервју за Радио Слободна Европа вели дека на граѓаните, Македонци и Албанци, поважно им е да живеат во правна држава, да имаат повисоки плати, подобар стандард, од соништата за големи држави.
Од Кабинетот на претседателот на државата не сакаат да ги коментираат изјавите на српскиот министер.
Далиборка Демјанска Цветановска