Вести Македонија

Двајцата пациенти со конго-кримска треска се стабилни, најкритичната фаза помина

Двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска се стабилни. Лекарите велат дека најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба, информираат од Министерството за здравство.

Што се однесува до ризичните и помалку ризичните контакти со заразените, нема други суспектни случаи ниту пак кај некои од контактите е потврдено присуство на конго-кримска треска.

На граѓаните им се препорачува со облека да ги покријат рацете, нозете, како и вратот и главата. Да носат посветла облека за лесно да се забележи крлежот и да ја испрскаат облеката со спреј на база на синтетски пире-троид. По престој во природа да се направи детална проверка, посебно на главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе