Вести Македонија

„Брако“: Нема отстапувања од добиените нацрти, сите 19 модуларни болници се изградени по стандарди пропишани во проектот на Светска Банка

Сите 19 модуларни болници се изградени по стандарди пропишани во проектот на Светска Банка и документацијата на Проектната единица на Светската банка во Минстерството за труд и социјала, нагласуваат од „Брако“.

Од компанијата велат дека немало никакви технички отстапувања од добиените нацрти, како вид на материјали, изолации, инсталации, распоред на простории, прегради, лаборатории итн., за што потенцираат дека постојат сертификати, приемни документи, потпишани записници и сите останати потврди и докази.

„Дали и како се доопремувал објектот по примопредавањето, се користел или управувал од страна на самата болница и дали тоа било согласно насоките на Светска Банка и Светската здравствена организација за менаџирање во услови на ковид, не е во надлежност на БРАКО“, се вели во соопштението на компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе