Вести Свет

Во поплавите во Кина загинаа 33 лица, а 18 се водат како исчезнати

Кинеските власти објавија дека 33 лица загинале, а 18 се водат како исчезнати од силните поплави во Пекинг минатата недела.

Во најтешко погодениот Ментугу, област во западната периферија на Пекинг, екстремните врнежи од дожд и поплави погодија 310 илјади жители и оштетија речиси 35.000 куќи, според брифингот за печатот одржан во средата.

Официјалните лица рекоа дека катастрофата ја предизвикала најтешката штета забележана во историјата во областа.

Пекинг ги забележа најсилните врнежи во последните 140 години откако остатоците од тајфунот Доксури го поплавија регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од полноќ нови цени на горивата

Дејан Дејан

Над 23 илјади денари за храна и пијалоци му биле потребни на едно семејство во јуни

Дејан Дејан

Вештачката интелигенција нè затупува – студија на Технолошкиот институт во Масачусетс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе