Вести Најважни Свет

Хрватските хулигани на распит, нема потврда кој е убиецот на 29 годишниот Михалис

Сите навивачи на загрепски Динамо кои досега се уапсени во Атина или во обид да ја напуштат Грција,  деведесет и двајца на број, денеска беа однесени на распит пред обвинител во судската палата Евелпидон.

Полицијата се уште трага по дваесетина хрватски хулигани кои ја немаат напуштено Грција и нема официјална потврда кој е убиецот на дваесет и деветгодишниот Михалис Кацурис.

Грчките медиуми тврдат дека отпечатоците и ДНК трагите најдени на телото упатуваат дека станува збор за грчки државјанин, најверојатно навивач на атински Панатинаикос кој бил заедно со хрватски хулигани, а не на деветнаесетгодишниот Домагој Пезер кој беше уапсен вчера во обид да ја напушти Грција.

Додека полицијата ги спроведуваше уапсените хулигани, меѓу кои се и двајца грчки државјани, по трасата и пред судската палата насобраните атињани извикуваа „фашисти“ и „убијци“. Тие се осомничени, а некои и од нив обвинети за злосторничко здржужување, а тоа го потврди адвокатот на уапсениот грчки државјанин кој изјави дека обвинението нема да издржи.

Судските вештаци потврдиле дека фаталната рана е нанесена со конкретен тип на мал рачен нож кој не е пронајден.

Форензичарите ги испитуваат ДНК трагите  и отпечатоците, а трае и деталната проверка на видеозаписите од безбедносните камери на улиците и на објектите со недеж дека ќе се идентификува прецизно убиецот на Кацурис.

Засега остануваат две верзии дека убиецот е веќе уапсениот Пезер и дека е грчки државјанин.

Грчката јавност е револтирана од игнорантскиот однос на атинската полиција. По социјалните мрежи се шират слики од работници на јавното комунално претпријатие како го чистат просторот каде што се случи убиството пред форензичарите да го исчешлаат просторот.

Исто така потврдено е дека грчката и атинската полиција имале прецизни информации уште на 4 август дека ќе пристигнат навивачи на Динамо и дека опасноста од инцидент е исклучително висока.

Црногорската полиција дури ги испратила и регистерските таблички на голем дел од возилата на грчките колеги, неколку немаркирани полциски возила го следела конвојот се додека не влегол во атинската населба Никаја, каде што се распрснале за потоа да застанат на однапред договорениот паркинг на безинска пумпа.

Во моментов трае потрагата по дваесетина загребски хулигани за кои е потврдено дека влегле во Грција. Сите гранични премини и пристаништа се под надзора токму на едно од нив синоќа се уапсени петмина припадници на „Бед Блу Бојс“ кои со брод сакале да отпатуваат кон Италија.

Откако УЕФА не го исклучи загребски Динамо од натпреварувањето се зголемија тензиите, обвинувањата и префрлањетѕо на вина во соопштенијата кои ги лиферуваат во јавноста двата клуба, АЕК и Динамо.

На социјалните мрежи, хулиганските групи го изразуваат револтот од убиството на Кацурис и употребата на ладно оружје, нешто што е најостро забрането во хулиганскиот свет.

„Бед Блу Бојс“ тврдат дека нивни членови не се убијците и затоа на социјалните мрежи и навивачките форми постираа слика на мини транспарент со прешкртан нож.

Полицијата во Атина и денес е на готовс поради натпреварот меѓу Панатинаикос, чии хулигани рамо до рамо улествуваа во нападот на навивачите на АЕК, и француски Олимпик Марсеј.

Она што загрижува е што токму навивачите, ултрасите и хулиганите  на Марсеј се збратимени со АЕК а во т.н. „Триаголник на братството“ се вклучени и Ливорно од Италија, трите групи се со левичарската идеологија а најавено е и присуство на хулигани од Холандија, Германија и Белорусија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Граѓаните во банките најмногу се задолжиле со потрошувачки и станбени кредити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе