Вести Свет

Затворен воздушниот простор над Нигер за сите авиони – воените власти се соочуваат со интервенција

Воените власти на Нигер објавија дека го затвориле воздушниот простор на земјата, предупредувајќи дека секој обид за негово нарушување ќе наиде на „енергичен и итен одговор“.

„Соочени со закана од интервенција, која станува се појасна со подготовката на соседните земји, воздушниот простор на Нигер е затворен од недела за сите авиони“, се вели во соопштението на новите власти.

Најавата дојде откако истече рокот од западноафриканскиот блок ЕКОВАС за да ја вратат власта на демократски избраниот претседател Мохамед Базум.

ЕКОВАС минатата недела им постави ултиматум на новите воени власти на Нигер да се откажат во текот на неделата или ќе се соочат со можна воена интервенција.

Базум беше соборен на 26 јули кога членовите на неговата сопствена гарда го приведоа во претседателството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако Хезболах нападне, ќе го нема повеќе – порака од израелскиот министер за одбрана до либанската група

Дејан Дејан

Жена загина и тројца се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Дејан Дејан

Седум повредени во иранското ракетирање на Бершеба – Израел со ново ажирурање на податоците од терен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе