Вести Свет

Франс прес ја тужи ребрендираната платформа „Х“ на Маск

Француската новинска Агенција Франс прес (АФП) вчера објави дека во Париз поднеле тужба против платформата „Х“ на Илон Маск, порано позната како „Твитер“, обвинувајќи дека оттаму одбиваат да разговараат за можна исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција.

Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите коишто бараат компензација за вести.

АФП ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на „Твитер“ (неодамна преименуван во „Х“) да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права…, се вели во соопштението на новинската агенција.

Маск го критикуваше потегот на АФП со објава на ‘X’: „Ова е бизарно. Тие сакаат да им плаќаме за објави на нивните страници каде што заработуваат од реклами, а ние не!“

Француската антимонополска управа во 2021 година го казни „Гугл“ со 500 милиони евра поради непочитување на горенаведените правила. Оттогаш, интернет-пребарувачот најави решение на спорот и договори со АФП и неколку други водечки медиуми во Франција. Фејсбук, исто така, потпиша договори со некои француски издавачи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе