Вести Свет

(ФОТО) Загинаа 14 работници при изградба на мост во Индија

14 работници ги загубија своите животи откако Кран кој се користел за изградба на мост се урна на градилиште во западна Индија.

Спасувачките екипи бараа преживеани во близина на локацијата во Тане, град во близина на Мумбаи.

Најмалку три лица се повредени и тие се итно пренесени во болница.

Индиските медиуми објавуваат дека кранот се користел на место каде се гради автопат и брзи железнички мостови.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство на социјалните медиуми.

„Моето најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите. Нашите мисли и молитви се со оние кои се повредени“, се вели во објавата на неговата канцеларија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охрид: Извлечено тело од езерото, нема траги од насилство

Дејан Дејан

Род Стјуарт: Нетанјаху им прави на Палестинците она што им се случи на Евреите во минатото, не знам како спијат Израелците

Дејан Дејан

Нови злоупотреби на упати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе