Вести Свет

Уништени најмалку 40 објекти во ноќешното руско гранатирање на Одеса

Повеќе од 40 згради се уништени во руското гранатирање на Одеса во текот на изминатата ноќ.

Оштетени и уништени се објекти од цивилната инфраструктура, станбени блокови и приватни станбени згради, автомобили на граѓани, како и Соборниот храм Преображение на централниот плоштад во градот.

Градскиот совет на Одеса соопшти дека комуналните и спасувачките служби се ангажирани на расчистување на последиците од нападите.

Одеса веќе петта ноќ е цел на руските напади. Во синоќешното гранатирање, според украинските власти, загина едно лице, а 22 се повредени, меѓу кои три деца.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД подготвуваат дипломатско, но и воено решение за Иран

Дејан Дејан

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Дејан Дејан

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе