Вести Свет

Советот НАТО – Украина ќе расправа за транспортот на украинското жито преку Црното Море

На барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски Советот НАТО-Украина ќе одржи состанок во среда на кој ќе се разговара за транспортот на украинското жито преку Црното Море, соопшти денеска портпаролката на Алијансата Оана Лунгеску.

Таа на својот Твитер профил, објави дека тоа ќе биде прва седница на Советот формиран на самитот на Алијансата во Вилнус на 11 и 12 јули. Состанокот ќе биде на амбасадорско ниво.

Зеленски вчера побара од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, да го свика Советот НАТО-Украина што е можно поскоро поради, како што наведе, „агресивните дејствија на Русија во Црното Море“.

Секоја дестабилизација и нарушување на извозните рути ќе предизвика проблеми со соодветни последици за сите во светот. Кризата со цените е најмалата од можните последици, предупреди Зеленски.

Тој им предложи на Турција и на ОН коридорот за жито во рамките на Црноморската иницијатива за жито да продолжи да функционира без Русија.

Москва соопшти дека ги повлекува гаранциите за безбедност на бродовите во рамките на Иницијативата за црноморско жито, која истече на 17 јули.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ја разгледаат можноста за враќање на договорот за жито само доколку условите на Русија бидат целосно исполнети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД подготвуваат дипломатско, но и воено решение за Иран

Дејан Дејан

Угостителски услуги во дивоградби, елаборатите не соодветствуваат со реалната слика – в.д. градоначалникот на Кочани поднесе кривична за узурпација и бесправна градба во ТЦ Кочани

Дејан Дејан

Завршни зборови на судењето за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе