Вести Свет

(Видео) Торнадо во Милано, Словенија под црвен аларм, Србија на готовс – регионот пред ново силно невреме

Силно невреме го погоди северниот дел на покраината Ломбардија, јавуваат италијанските медиуми, според кои, паѓал град со големина на тениско топче, а во североисточниот дел на Милано е снимено и мало торнадо.

Силниот ветар кршел дрвја, градот оштетил кровови и автомобили, додека голем дел од патиштата се поплавени.

Опожарени се два крова по удар од гром, но засега нема информации за жртви од невремето.

Олујата се движи кон Словенија каде е издаден црвен аларм, а Србија предупреди дека невремето во текот на денот би можело да стигне и до нејзина територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на загинати во нападот врз Киев се искачи на 21 лице

Дејан Дејан

Градоначалникот на Кочани поднесе кривична за угостителски објекти кои работат нелегално

Дејан Дејан

800 кинески државјани веќе се евакуирани од Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе