Вести Најважни Свет

(ФОТО) Рим под црвен аларм поради жешкото време

Главниот град на Италија, Рим, е под црвен аларм бидејќи температурите достигнаа високи 35 степени Целзиусови. Туристите и локалните жители интервјуирани околу Колосеумот се пожалија на непријатната топлина.

Полициски патролен брод покрај реката Тибар се обидува да го процени влијанието на долгите, топли и суви лета врз локалната средина.

Водостојот на реката Тибар постојано опаѓа, па дури и открија остатоци од римски мост стар околу 2.000 години.

Навигацијата стана ризична и за пловните објекти на реката, додека условите за дивиот свет станаа предизвикувачки поради недостаток на кислород и непредвидливото време.

Италијанскиот министер за животна средина и енергетска безбедност Жилберто Пичето Фратин рече дека пред Италија е уште потопла иднина и дека намалувањето на емисиите на јаглерод е апсолутен приоритет.

Меѓу градовите кои се под тревога се и високотуристичките дестинации Рим, Болоња и Фиренца.

Во вторник се очекува во Рим температури да се искачат до 42 степени Целзиусови, додека во другите италијански градови би можеле да бидат уште повисоки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе