Вести Свет

Курти убеден – инцидентот во косовското Собрание не беше испровоциран туку подготвуван

Премиерот на Косово, премиер Албин Курти, тврди дека нападот врз членовите на неговиот кабинет во Собранието во четвртокот бил претходно „подготвен“.

Според него инцидентот не e резултат на провокација.

Посочува дека пратениците од опозицијата „немале причина“ да ги нападнат членовите на Владата за време на собраниската седница.

За време на седницата на Собранието на Косово во четвртокот дојде до тепачка меѓу пратеници од опозицијата и членови на кабинетот на Курти.

Конфронтацијата настана кога еден од пратениците го поли Курти со вода, додека премиерот беше на говорницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе