Вести Свет

Пратениците на ДПК повторно ја блокираа говорницата на косовскиот Парламент

Пратениците на Демократската партија на Косово (ДПК) уште еднаш ја блокираа говорницата на косовското Собрание, откако претседателот Глаук Коњуфца најави одржување на вонредна пленарна седница, која беше прекината претходно во денот поради насилство во Собранието.

Неколку членови на Алијансата за иднината на Косово (АБК) им се придружија на членовите на ДПК во блокирањето на седницата.

Претседателот на Собранието Коњуфца изјави дека на денешната седница граѓаните ќе судат кој го започна конфликтот. Тој предложи да се надмине денешната состојба и Парламентот да продолжи со работа.

„Ако сме побројни, ја продолжуваме седницата таму каде што бевме. Дури и премиерот имаше волја да се откаже од зборот. Граѓаните чекаат да продолжиме нормално. Ќе одиме на избори кога сакате“, рече тој.

Тој побара од пратениците со разбирање да се надминат проблемите и седницата да продолжи со пратенички прашања.

„Ние ги имаме најдлабоките несогласувања досега, но овие несогласувања му прават чест на Косово ако ги одржиме на ниво потребно за функционирање на нашите демократски институции. Досега успеавме. Се обидуваме да ги надминеме овие тешки денови и овие моменти за нашите земја.Ве поканувам на минимум однесување кое би ги израдувало граѓаните Косово“, рече тој.

Според Коњуфца, ставот на пратеникот е благороден, додека додаде дека очекува пратениците да отворат ново поглавје по денешниот инцидент.

Претседателот на Собранието побара да не се преземе ништо „за нешто во што не би сакале да ја видиме нашата држава“.

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово, Арбен Гаши изјави дека ситуацијата се влошила кога министрите ја нападнале опозицијата. Според него, министрите континуирано ги навредувале и недолично се однесувале со пратениците.Тој додаде дека би било добро седницата да се свика утре или некој друг ден, за, според него, тензиите да стивнат.

За физичката пресметка во косовскиот парламент, каде што беше фрлена вода врз премиерот Албин Курти, додека тој беше на собраниската говорница, на Твитер се огласи албанскиот премиер Еди Рама.

Тој го нарече нападот „срамно однесување, што е на штета на Косово“.

„Да не се согласуваш со премиерот е демократско, вака да го изразуваш своето противење значи да се оцрните себе си, вашите гласачи и целата држава со срам што денеска е на штета на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција, што му се спротивставува на премиерот! Замислете како се чувствуваат незаменливите сојузници и пријатели на Косово и на Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, онаму каде што треба да се бори со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници! Навистина се надевам дека опозицијата ќе се огради од ова срамно однесување и ќе му служи на Косово со сила на пример, а не со пример на сила!“, напиша Рама на Твитер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе