Вести Свет

БИА му забрани влез во Србија на руски антивоен активист кој живее во Белград

На рускиот антивоен активист Петер Никитин, основач на Руското демократско општество, не му е дозволен влез во Србија и покрај тоа што има добиено постојано живеалиште во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Никитин, од белградскиот аеродром за ТВ Н1 соопшти дека се наоѓа таму од синоќа откако се вратил од одмор во Португалија.

-„На пасошка контрола на аеродромот синоќа после три ипол чата чекање ми кажаа дека Безбедоносно-разузнавачката агенција (БИА) одлучила да не ме пушти да влезам во Србија. Издадено ми е решение со кое ми се наложува да се вратам во Франкфурт со првиот авион. Јас немам што да барам во Франкфурт, живеам во Белград, одбив да го исполнам тој налог и засега останувам на аеродромот“, порача Никитин.

Тој посочи како ќе се обиде да ја подигне јавноста, да ангажира адвокати и да направи се за да му се дозволи да се врати дома.

На прашањето што пишува во решението за забрана за влез во Србија, кое му е врачено, Никитин вели дека му е забранет влез во земјата, поради тоа што му е забранет влез во Србија.

„Значи забрането е затоа што е забрането, иронично забележа Никитин и подвлече дека има постојано живеалиште во Србија, па затоа не може да му се забрани влез во земјата без претходно да се откаже од постојаниот престој. „Тоа е апсолутно незаконско решение и нема да се предадам“, рече Никитин.

Тој рече дека не смета на помошта од амбасадата на Руската Федерација, но посочува и дека е државјанин на Холандија, и дека ќе стапи во контакт со дипломатското претставништво на таа земја во Србија.

-„Ќе ги известам сите. Ова е мојот дом, тоа што отворено ги кажувам моите ставови, дека сум противник на политиката на Владимир Путин, тоа не е причина да не ме пуштат дома“, заклучи Петер Никитин.

Пред два дена САД го ставија директорот на БИА Александар Вулин на црна листа, меѓу останатото и поради „коруптивни работи кои ги олеснуваат злонамерните активности на Русија во Србија и во регионот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ќе се следат цените и во јуни, ако продолжи поскапувањето, економија оди со мерки во јули

Дејан Дејан

Што ќе избере Трамп – ќе се приклучат ли САД на израелските напади против Иран?

Дејан Дејан

Дурмиши: Даваат резултат мерките кои ние ги донесовме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе