- Фирмата Тхор на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, во 2022-ра година имала нешто над 18 милиони денари расходи или околу 300 илјади евра. КОД преку свои извори дознава дека една голема расходна трансакција од Тхор водела кон друга кичевска фирма. Над 8 милиони денари лани Тхор на Ахмети исплатила на фирмата АС Сењак, тврдат за Телма извори запознаени со трансакцијата.
- АС Сењак пак е фирма во сопственост на Селаудин Арифи. Фирмата има акционерски удели во повеќе познати компании и во нискоградба и во производтсво на храна. Исто така АС Сењак е единствената фирма која веќе со години ја ангажира Општина Кичево каде трет мандат е градоначалник Фатмир Дехари од ДУИ а која врши асфалтирање и реконструкција на улиците во општината. Работела и со општина Прилеп и во време на СДСМ и во време на ВМРО ДПМНЕ. Но истражувачкиот аларм го пали податокот дека ќерката на сопственикот на АС Сењак всушност е вереница на Шкумбин Ахмети, синот на лидерот на ДУИ.
- Мрежата на фирмите поврзани со семејството на Ахмети се шири во истражувањето на КОД, а обвинителството потврди дека минатата недела отворило предистрага по допрен глас за Соравиа, но според информациите на КОД до надлежните истражни органи како финансиска полиција или УЈП се уште не се стигнати насоките од обвинителството кое го раководи уште еден функционер од Зајас. Обвинителот Ислам Абази.
- КОД откри уште еден куриозитет за кичевските фамилијарни врски. Бел Ролс-ројс Фантом кој добил кичевски регистрации, но по истражувањата веднаш му е сменето местото на паркинг во друг град.
- Економистите и оние кои се занимаваат со деловно право упатуваат дека за да се направи зделка како онаа со Соравија каде е вклучен внукот на Ахмети треба да се направи ревизорски извештај и длабинско испитување на компанијата која се купува-продава но она што и многу важно е како инвеститорите ја убедиле банката да даде кредит на објект кој е веќе задолжен кај банка . Многу нејаснотии има во зделката каде Дрин доби 39% од акциите само затоа што имал бизнис идеја, а не вложил пари. Разговаравме со адвокатот Александар Димитријевиќ од истоимената адвокатска канцеларија кои меѓудругото работат и во областа на Трговско, деловно, корпоративно и трудово право.
Емисијата КОД со оваа содржина е емитувана на 09.07.2023.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.