Вести Економија Најважни

Ќе има ли нов ценовен шок ? – Од денеска се одмрзнуваат маржите за лебот, млекото, јајцата..

Денеска завршува владината мерка за ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи, која беше воведена за време на кризната состојба.

Од министерство за економија за Телма велат дека на пазарот веќе има стабилизирање на домашните цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија. Поради тоа од министерството сметаат дека домашните цени сега треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови. Долгорочна примена на ваквата одлука може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените  и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа, велат од министерството за економија.

Со оваа одлука им се оставаат одврзани раце на трговците, и останува да се види дали тие  се водат по пазарната логика или ќе ги зголемат цените на лебот, шеќерот, млекото и млечните производи, јајцата и ќе си го бараат загубеното.

Од органиозацијата за потрошувачи велат дека владата треба од 1 јули многу да внимава затоа што искуствата покажале дека ретки е исклучоците на трговците кои ги оставиле цените на исто ниво. Постои можност и за договарање на цените и нивно диктирање од страна на трговците. Порачуваат надлежното Министертсво будно да ја следи состојбата и доколку забележи зголемување, односно скок на цените на основните прехранбени производи, да преземе одредни мерки кои треба да дадат резултат на подолг рок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе