Вести Свет

Петмина уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти

Пет лица се уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти.

Полицијата уапсила едно лице во Србија, а четворица на територијата на Германија и Романија поради сомнение дека криумчареле околу 800 мигранти од Турција во Германија, соопшти МВР на Србија.

Пријавените во текот на минатата и оваа година најчесто криумчареле мигранти користејќи различни транспортни средства и ги криеле во товарниот дел на камионот во нехумани услови, се наведува во соопштението.

Во заедничката акција, која беше спроведена во координација со Европравда, Европол и австриската, германската и романската полиција, учествуваа и припадници на Службата на МВР Србија за борба против организираниот криминал.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Дејан Дејан

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе