Вести Свет

Вучиќ најави предвремени парламентарни избори

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вети предвремени парламентарни избори, во очигледен обид да ги смири големите протести против неговото популистичко владеење по двете масовни престрелки што ја потресоа нацијата.

Во обраќањето до јавноста, тој рече дека изборите ќе се одржат „до крајот на оваа година“. Тој додаде и дека нема да има преодна влада, затоа што тоа ја бара неговата одлука, а таква одлука како што посочи нема намера да донесе.

Повеќето од опозициските партии одбија да се одржат избори, додека Вучиќ цврсто ги контролира сите центри на моќта, вклучително и главните медиуми. Според Вучиќ демонстрантите кои излегуваат на протести изминатиот период ги користат масовните престрелки за да дојдат на власт без избори.

Опозициските демонстранти бараат оставки од високи владини функционери и одземање на дозволите за емитување на две провладини телевизиски мрежи кои, како што велат, промовираат насилство и личности поврзани со криминалот во земјата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС со големи загуби и застарени капацитети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 13.6.2025

Дејан Дејан

Притвор за 53 годишен Велешанец, осомничен дека продавал кокаин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе