Седум лица се водат како исчезнати во околината на Нова Каховка по уништувањето на браната на истоимената хидроцентрала на реката Дњепар, напиша градоначалникот на Каховка, Владимир Леонтјев на Телеграм.
Тој додаде дека нивото на водата во текот на ноќта паднало за 35 сантиметри.
Официјален локален претставник, пак, истакна дека водата урнала уште еден мост во областа Миколаев.
„Вкупно се поплавени 1.852 куќи на десната страна во Херсон. Сите работиме на помош на луѓето кои се наоѓаат во поплавената зона“, порача Александар Прокудин, началник на воената управа на областа Херсон.