Вести Свет

Гроси: Пробивањето на браната Каховка не е непосредна опасност за нуклеарката Запорожје

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Рафаел Гроси денеска изјави дека уништувањето на браната Каховка, на југот на Украина, не претставува краткорочна опасност за нуклеарната централа Запорожје.

Меѓутоа, тој нагласи дека ситуацијата ја влошува и онака тешката и непредвидлива безбедносна состојба.

Акумулацијата на Каховка обезбедува вода што се користи за основно ладење на шесте реактори во најголемата европска нуклеарка.

Гроси, сепак, даде до знаење дека постојат низа на алтернативни извори на вода, вклучувајќи го и големото езеро за ладење покрај локацијата кое е дизајнирано да остане над висината на резервиарот, додавајќи дека е од витално значење тој извор на вода да остане недопрен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 13.6.2025

Дејан Дејан

Притвор за 53 годишен Велешанец, осомничен дека продавал кокаин

Дејан Дејан

Аврамовски: Институциите имаат сериозен проблем со планирањето за исполнување на реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе