Продолжен притворот за таткото на Коста Кецмановиќ, момчето што на 3ти мај изврши масакар во основното училиште „Владислав Рибникар“, во кое животите ги загубија десет лица, а шестмина беа ранети, јавуваат српските медиуми.
Одлуката за продолжување на притворот ја донел Вишиот суд во Белград на предлог на обвинителството.
– Со оглед дека постои основано сомневање дека обвинетиот сторил кривично дело за кое е пропишана казна затвор од над десет години, како и начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело кои предизвикаа вознемиреност во јавноста може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“, се додава во образложенито на судот во врска со причините за продолжување на притворот.
За потсетување, обвинетиот В.К. беше уапсен откако неговиот син, кој, според законот, не може да одговара кривично бидејќи е малолетник кој не наполнил 14 години, извшри масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.