Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, се повредени во пукотница што избувнала по расправија и тепачка на патека во Холивуд, Флорида, соопшти американската полиција.
Шест возрасни и три деца се меѓу деветте ранети во престрелката, тие се хоспитализирани и сите засега се во стабилна состојба, се наведува во полициското соопштение, пренесува АП.
Пукањето се случило во понеделникот, на патеката на Холивуд Бич, на околу 17 километри јужно од Форт Лодердејл и 32 километри северно од Мајами, а му претходела тепачка меѓу неколку луѓе.