Украинските безбедносни сили употребиле осум беспилотни летала за напад на Москва и сите беспилотни летала биле погодени, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Во нападот учествуваа осум дронови. Сите непријателски беспилотни летала беа погодени“, се вели во соопштението.
Инцидентот беше наречен „терористички напад“.
Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој додаде дека повредите биле такви што не барале хоспитализација, пренесува Интерфакс. Собјанин изјави дека итните служби продолжуваат да работат на терен.
Претходно, Собјанин изјави дека рано утринава напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради.
Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, на комуникациската платформа „Телеграм“ изјави дека неколку дронови биле соборени додека се приближувале до Москва, пишува „Гардијан“.
#Russian media shows the location of an alleged drone strike near the 25th floor on Atlasova Street in New #Moscow. pic.twitter.com/Y93sNL0W95
— NEXTA (@nexta_tv) May 30, 2023
Во текот на ноќта, Русија соопшти дека нејзината војска ги погодила украинските воздушни бази, а украинските сили гранатирале индустриски капацитети во Русија во моменти кога двете страни бараат предност пред она што Киев се надева дека ќе биде одлучувачка контраофанзива.
Руската државна новинска агенција РИА го цитираше Министерството за одбрана дека се погодени повеќе воздушни бази.
Од Украина нема потврда за ваквите наводи. Руските напади врз Киев зачестија што пак ги примораа жителите на главниот град на Украина повторно засолниште да бараат во метро станиците, додека Украина, вооружена со ново западно оружје, подготвува притисок да се обиде да ја врати територијата што Русија ја зазеде од почетокот на војната.
The Pantsir-S air defense system operates on drones in #Moscow, while the #Russians calmly go to work. pic.twitter.com/tdY71kPe8Q
— NEXTA (@nexta_tv) May 30, 2023