Голема потрага во текот на ноќта на брегот на Дунав кај српскиот град Апатин.
Стотици граѓани трагаа по две деца, на возраст од девет и десет години, кои исчезнале во близина на простор што го користел локалниот кајакарски клуб.
На брегот се пронајдени работи на исчезнатите деца – велосипеди и облека, што предизвика дополнителна загриженост.
Покрај полицијата, ангажирани се и нуркачи за истражување на реката и околните места.
Сепак, условите за пребарување во текот на ноќта не беа поволни.
Лошата видливост и високиот водостој на Дунав им отежнуваа на спасувачите брзо и ефикасно да ја пребараат реката, јавија српските медиуми.