Вести Свет

По изборниот пораз, Киличдароглу треба да си даде оставка: Топ Тема Интервју со социологот Ѓулен Аксу Туркер

Дали опозициската републиканска партија треба да побара оставка од Кемал Киличдароглу, или да му се даде уште време е прашање кое се појави по уште еден пораз кој го претрпе од Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот. Социологот Ѓулен Аксу Туркер, во разговор за Телма вели дека треба да се побара оставка од него, истакнувајќи дека секоја промена не треба да биде сфаќана негативно, како што тоа се прави во Турција.

За жал тоа не важи за нашата земја. Политичарите немаат пракса да создаваат кадар кој ќе ги наследи на чело на партијата. Ова може да го видиме и кај другите партии пример Девлетбахчели. Секој говор му е полн со гафови и ароганција, но сѐ уште е на чело на партија. Граѓаните се веќе навикнати и воопшто не ја отвараат дебатата дали некој треба да си замине од чело на партијата. Ако ме прашувате лично, јас мислам дека треба да има смена и да дојде нов човек на местото на Киличдароглу, вели таа.

Во понатамошниот разговор се осврна и на тоа што може да ја очекува Турција во следните пет години, фокусирајќи се на лошата економска политика и инфлацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе