Ракомет Спорт

Е. Пелистер ќе има нов изглед во новата сезона: Седум играчи ја напуштаат Битола

Еурофарм Пелистер се врати на врвот на македонскиот ракомет по долгогодишен пост без титула. Битолскиот тим ќе ја претставува Македонија во групната фаза во Лигата на шампиони следната сезона, а составот ќе изгледа доста поинаку, бидејќи седум играчи веќе се простија од зелениот дрес.

Синоќа клубот имаше завршна церемонија за одбележување на сезоната. Пелистер се прости со седум играчи кои беа дел од шампионскиот тим, кој ја врати тутлата во Битола за прв пат по 2005 година. Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски си заминуваат од Еурофарм Пелистер.

Ова значи дека ростерот ќе претрпи многу измени ова лето. На Пелистер ќе му требаат сериозни засилувања за да биде конкурентен во силната Лига на шампиони. За потсетување оваа сезона битолчани играат во Европската лига на ЕХФ, но воопшто не се прославија и не ја минаа групната фаза.

Добро е што македонскиот ракомет повторно се враќа во европската елита откако Вардар сезонава не доби дозвола за настап поради стари долгови кон поранешните играчи од претходното раководство.

Ви Битола очекувано ќе има работно лето, бидејќи треба да се создаде квалитетен тим, кој најпрво ќе треба да го брани тронот во домашното првенство од забревтаниот Алкалоид, но и од најтрофејниот Вардар, а потоа и остави добар впечаток во Лигата на шампиони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе