Успеавме да ги потиснеме Русите за два километри кај Бахмут, изјави заменичката на украинскиот министер за одбрана, Хана Малјар.
„Непријателот не успеа да ги реализира своите планови. Претрпеа тешки загуби во луѓе, а нашите бранители напредуваа два километра во правец на Бахмут. Оваа недела не загубивме ниту една позиција во градот“, напиша Малјар на Телеграм.
Со реакција се јави и руското Министерство за одбрана кое ги демантира извештаите за украински воени пробивања на различни делови долж линијата на фронтот во источна Украина. Од таму истакнуваат дека моментно се води битка за „одбивање“ на украински напад на Малиновска во областа Доњецк.
„Целокупната ситуација во зоната на специјална воена операција е под контрола“, се наведува во сооопштението на Министерството за одбрана на Русија.